Колку е поголема смиреноста толку е поголема и Божјата благодат

2282

Кога ќе паднеш во грев, заради немоќта или од своето лошо однесување, не паѓај со духот и не се мачи непотребно и безцелно. Не се преиспитувај себеси со зборовите: „Како можев да си го дозволам ова“. Тоа е гласот на гордата самоувереност. Туку треба да се понижиш и со издигнат ум да Му речеш на Господ: „Што друго и можеше да се очекува од мене, кој сум немоќен и грешен“. Благодари Му на Бога за тоа што не си паднал уште подолу – признавајќи ја во себе својата нечистотија, признај дека си виновен за злото коешто си го направил. Обвини се себеси и немој други да обвинуваш. Никој од луѓето и околината околу тебе не се виновни за твојот грев. Виновна е само твојата лоша постапка. Колку е поголема твојата смиреност, толку, кога ќе дојде, ќе биде поголема и Божјата благодат.

Преподобен Никодим Агиорит

Previous articleОвдешниот живот не е ни шега ни играчка
Next articleЉубовта кон Бога не трпи одмазда кон човекот