Кој не ги љуби непријателите во него ја нема Божјата благодат

1943

Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет. Велиш дека тој е злосторник и дека треба да гори во адскиот пламен. Но те прашувам јас тебе: ако Бог тебе ти даде добро место во рајот, а ти го гледаш во огнот оној кому си му пожелил да гори во маките, зарем тогаш не ли ќе ти биде жал за него, кој и да е тој, макар и да е непријател на Црквата? Или имаш железно срце? Но во рајот железото не е потребно. Таму се потребни смирението и љубовта Христова која ги сожалува сите. Кој не ги љуби непријателите, во него ја нема благодатта Божја.

Старец Силуан Атонски

Previous articleТрет ден Божик во црквата Свети Илија во Футскрај
Next articleВечерна богослужба во црквата Свети Илија во Футскрај