Дека крстот навистина е слава, послушај Го Христа. Кој вели: “И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе, уште светот пред да настане” (Јован 17, 5), кога под слава Он го разбира и го нарекува крстот.
Свети Јован Златоуст
На 27 септември 2017 година, на празникот Воздигнување на Чесниот и Животворен Крст, во црквата Свети Никола во Престон, Мелбурн, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.