Мало Повечерие и Акатист на Пресвета Богородица во манастирот Донибрук

1486

На 23 март, 2018 година, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, се отслужи Мало Повечерие и Акатист на Пресветата Богородица.

Престолната икона на Богомајката од иконостасот на црквата-параклис, беше благочестиво дарувана и украсена со сребрени ѕвезди – симболот на вечното девство на Марија, сребрени окови на нејзината пречиста рака и на раката на Богомладенецот што нè благословува. Мајката Божја, нејзините дарители да ги има под својата закрила!

По Акатистот, верните што ја воспеа Пречистата добија благослов – помазувајќи се со елејот од кандилцето што непрестајно свети пред нејзиниот образ.

Радувај се Невесто Неневестна!

Previous articleАкатист на Пресвета Богородица во црквата Свети Илија во Футскрај
Next articleМало Повечерие и Акатист на Пресвета Богородица во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул