О, Милосрден Боже, усрдно те молиме, секогаш да нè потсетуваш дека бракот е светиња и дека како таков мораме да го чуваме. Дарувај ни ја Твојата благодат за да останеме и пребиваме во верноста и љубовта. Подигни го во нас духот на взаемно разбирање и доверба, за да помеѓу нас не се случи недоразбирање и караница. Дарувај ни го Твојот благослов за да пред Тебе и пред ближните стоиме како едносуштно и согласно семејство. И на крајот, по Твоето милосрдие, направи нè достојни за вечниот живот, зашто Ти си нашето осветување, и Тебе слава ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.