Во црквата Света Петка во Мил Парк, Мелбурн, молитвено беше прославен храмовиот празник – споменот на преподобната маченичка Параскева Римјанка.
Вечерта спроти празникот, на 7 август, во сослужение на свештенството од Мелбурн се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента, на 8 aвгуст, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше извршен водосвет и беше послужена празнична трпеза.