Дедо Симеон ги поминуваше летните месеци во лозјето. Таму имаше мала соба и зеленчукова градина. Живееше скромно, но сите го почитуваа заради неговата мудрост. Неговите зборови вредеа бидејќи беа точни и одмерени.
Неговите внуци често го посетувале особено кога започнуваше да зрее грозјето. Еднаш цел ден тие трчаа, играа и си поткаснуваа од грозјето. Приквечер седнаа во малата куќичка изморени и гладни.
– Дедо, ние сме гладни – рече најголемиот внук.
– Ќе ги испечам црвените пиперки кои штотуку ги набрав. Со сирење ќе бидат многу вкусни” – им одговори нивниот дедо и ги замоли да запалат оган.
Тие се стрчаа, го наредија огништето и запалија оган. Се подигна синкав дим. Во привечерниот примрак огнот подигнуваше розеви пламенчиња.
Откако седнаа да вечераат, нивниот дето ги запраша:
– Сите сте одлични ученици. Ајде кажете ми што е огнот?
– Не знам – одговори првиот.
– И јас не знам – додаде вториот.
– Огнот е пламен – смело извика најмалиот Мони и сите прснаа во смеа.
– Не само вие, но и најучениот не може да каже што е огнот. Колку велики нешта создал Бог за човекот! Преку огнот се направени многу откритија.
Сите го задржаа дишењето во очекување, зашто приказните на дедо им сегогаш беа интересни. И тој им раскажа како во старо време некои феникиски трговци со полн кораб со сода застанале на морскиот брег. Сакале да запалат оган и да си подготват вечера, но никаде немало камења за да си направат огниште. Поставиле две големи парчиња сода. Огнот ги стопил содата и песокот, и откако се изладиле се појавило стакло.
Никој од нив не знаеше како било пронајдено стаклото. Кога дедо Симеон виде, дека тие длабоко се замислија, продолжи:
– Го гледате пламенот на кандилото, кое гори на ѕидот! Огнот во огништето го топли телото а преку пламенот во кандилото, пред светата икона, се топли душата.
Знаејќи дека сакаат да
-Кажете ми, има ли некаде оган кој е невидлив, а топлината му е најпријатна?”
-Не знаеме – одговорија сите во хор.
– Тој оган гори во душата на човекот и ја топли, кога тој верува во Бога и прави добро.
Помолчи, помолчи дедо Симеон и во заклучок кажа:
– Велико нешто е Христовата вера, деца! Загревајте ги со неа вашите души! Запомнете, дека таа е најскопоцениот оган кој гори во добрите срца. Но верата мора да биде просветлена. Затоа, не бидете мрзливи за да ја изучувате најубавата и најсложена наука – веронауката.