Неколку мисли и еден рецепт на Анастасија Попеску

2298
  • најди си време да размислуваш – тоа е извор на силата;
  • најди си време да си играш – тоа е извор на младоста;
  • најди си време за читање – тоа е извор на мудроста;
  • најди си време за молитва – тоа е најголемата сила на земјава;
  • најди си време да сакаш, и сакан да бидеш – тоа е дар Божји;
  • најди време да бидеш другар – тоа е патот кон блаженството;
  • најди си време да се смееш – тоа е музика на душата;
  • најди си време да даваш – денот е премал за да бидеш егоист;
  • најди си време да работиш – тоа е цената на успехот;
  • најди си време за милосрдни дела – тоа е клуч за Рајот.

Рецепт за лекување на душата

Десет грама вера, 72 грама љубов, 8 грама трпение, 16 грама страв Божји и 18 грама надеж. Овие пет лекови земи ги од аптеката на Седржителот, иситни ги во садот на послушноста, посеј ги со ситото на богопознанието и на совеста, свари ги во садот на понизноста и со водата на заборавањето, измешај ги со лажицата на одмереноста, исцеди ги со платното на расудувањето и испиј ги со чашата на благодарноста. Потоа положи ја постелата на добродетелите, прекриј ја со покривката на добрите навики и покриј се со јорганот на смирението, имајки ја претпазливоста како перница. Извади ја температурата на злото преку изнемоштување и избриши се со крпата на спокојот, а потоа облечи се добро со облеката на творењето добри дела. За да оздравеш потполно ископај корење на духовност, собери лисја на трпението, набери цвеќиња на смирението, собери семе на кротоста и гранки на честата молитва, и сето ова исуши го преку воздржување и пост, иситни го со ножот на добрите мисли, стави го во садот на совеста, тури ја водата на солзите, покриј ги со платното на понизноста и, заврзувајќи го со конецот на благодарноста, разгори го огнот на љубовта.

Анастасија Попеску (Мама Сика)

Previous articleРазлози против контрацепцијата, стерилизацијата, вештачкото оплодување и абортусот
Next articleСвета Литургија во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул