Обновете ја молитвата и ќе ви се врати изгубената полнота

3183

Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто пропуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил. Во таков случај, светите Отци не учат: „Обнови ја молитвата; почни да се молиш одново – со усните, со умот, или со срцето – и ќе ти се врати онаа изгубена полнота. Човекот повторно ја наоѓа, доволно е само да се присили на молитва“.

Старец Ефрем Филотејски

Previous articleБог е посилен од сè!
Next articleКакви сме во срцето, такви сме и пред лицето на Господ