На 9 септември 2017 г., кога се празнуваат светиот маченик Фануриј и преподобниот Пимен Велики, во црквата Свети Никола во Перт, се богослужеше Божествена Литургија.
По Литургијата верниот народ имаше можност да присуствува на свет чин – осветување на крстовите и поставување на новата црква.
Радоста кај многубројниот народ беше видлива, исто така и желбите и посакувањата, што поскоро да се стигне до денот на осветувањето на прекрасниот храм на Светиот Никола.