Основите на духовниот живот се љубовта и смирението

1847

Основите на духовниот живот се љубовта и смирението. Кадешто има љубов, таму пребива Христос – Љубовта, и кадешто има смирение, во човекот пребива Божјата благодат. Тогаш насекаде царствува Бог и земјата се претвора во рај. А таму каде што ги нема љубовта и смирението, таму пребива ѓаволот, и луѓето, заедно со него, уште тука живееат во ад, и ден по ден се одалечуваат од учеството во блажениот живот. Најлесниот пат кон спасението е преку љубовта и смирението. Ако ги немаме во нас ќе бидеме судени. Тие две добродетели го смилостивуваат Бог и Неговите созданија ги издигаат на небесата. По тие одлики светите Ангели ги определуваат Божјите чеда, со љубов ги земаат и без страв ги преведуваат низ воздушните митарства, и ги вознесуваат кон нежнољубивиот Отец, кон Бога.

Преподобен Старец Пајсиј Светогорец

Previous articleСвета Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Престон (Шеста Недела по Велигден)