На 2 Август, 2017 година, на празникот Илинден, Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, со благословот на високопреосветениот Митрополит г. Петар, се изврши Мало осветување и полагање на свет антиминс, кој со благодатта на Светиот Дух, преку неговата архиерејска беше осветен за да биде поставен на новиот олтар во новата црква посветена на Светите Седмочисленици (Светите Кирил и Методиј, Светите Климент, Наум, Горазд, Сава и Ангелариј), и на светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон.
Колку се мили живеалиштата твои Господи…Еден ден во твоите дворови е подобар отколку илјада дни надвор. (Од 83 – от Давидов псалм)