На 19 јануари, на празникот Богојавление (Водици) – Крштевање Господово, во црквата Свети Илија во Футскрај се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата, беше извршен Големиот Богојавленски водосвет.