На 27 септември 2018 година, кога се празнува Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Господов (Крстовден), во црквата Свети Никола во Перт, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.