Пресвета Богородица ме воскресна со силата на Син ѝ

2844

Во декември 2004 година еден богат муслиман од Саудиска Арабија излезе пред средствата за јавно информирање и го раскажа следниов жив, трогателен настан што го преживеа и што му го промени целиот неговит живот (го кажа на телевизија, на радио, го опиша во весниците, часописите во цела Саудиска Арабија, Сирија, Палестина и во околните соседни земји).

Се оженил пред неколку години со една девојка, богата муслиманка, но неплодна. И покрај тоа што имале многу пари и оделе кај многу доктори, тие не можеле да добијат деца. Изминале години, а неговите родители му велеле да се ожени со втора жена и да ја зачува првата, затоа што нивниот закон им дозволувал да имаат дури по четири жени.

Тој, изморен и натажен, ја зел сопругата и тргнале на пат во нашето соседство во Израел и Сирија за да се одморат и за малку да заборават на проблемите. Во Сирија изнајмил лимузина со тамошен туристички водич за да им ги покаже сите атрактивни знаменитости. Водичот, на  лицата кај брачниот пар забележал горчина, болка и потиштеност. Откако се запознале добро, се дрзнал и ги прашал зошто не изгледаат задоволни, да не е тој виновен или пак не им се допаѓа маршутата на патувањето? Тие се отвориле кон него и му го објасниле проблемот на нивната бездетност. Водичот, кој исто така бил муслиман, им кажал дека овде во Сирија, христијаните, поточно православните, имаат манастир на Богородица Шејданагија (Владичица – Госпоѓа) и многу бездетни прибегнуваат кон нејзината чудотворна икона. Таму, на нејзината икона има кандило, а на покониците им даваат од фитилот на кандилото, кое се јаде, се пие, и тогаш „Марија“ на христијаните им дава според нивната вера. Саудиецот со жена му се воодушевиле…„Однеси не таму кај Шејданагија, кај Владичицата на христијаните, И ако се случи посакуваното, ако добиеме дете, тогаш ќе се вратам и ќе принесам 80.000 долари во манастирот“ му рекол на водичот.

Заминале во манастирот, направиле што требало, и враќајќи се подоцна во нивната земја, женаму забременила. За неколку месеци родила прекрасно машко дете, здраво и убаво. Чудо од нашата Богородица.

Веднаш по породувањето на својата сопруга, Саудиецот се вратил за да го исполни заветот што го беше ветил. Му телефонирал на познатиот водич да го пречека на аеродромот во Дамаск. Водичот, лукав и озлобен, известил двајца другари за заедно да го земат богатиот од аеродром и потоа да го заробат и убијат и да му ги одземат сите пари што ги имал со себе.

Навистина така и станало. Го пречекале на аеродромот. На патот, без да знае жртвата што ќе ѝ се случи, им рекол дека од благодарност ќе им даде на водичот – таксист и на неговите пријатели секому по 10.000 долари. Тие ја смениле маршутата и наместо да заминат во манастирот заминале на едно пусто место, го заклале сечејќи ја најпрвин главата, а потоа на парчиња и останатите делови од телото, рацете и нозете. Страста од тоа ужасно злосторничко дело ги затемнила и наместо да го фрлат таму, откако му ги одзеле парите, часовникот и сè што имал, го сместиле во задниот дел од автомобилот и тргнале кон друго оддалечено место за да се ослободат од трупот. На автопатот им се расипал автомобилот и застанале да видат што се случува, зошто запрел моторот. Еден минувач ги видел и застанал да им помогни. Но, тие исплашени за да не го открие ужасното злосторство што го направиле, се преправале дека немаат потреба од помош. Но, при заминувањето, возачот што застанал, забележал дека од задната страна на автомобилот,под багажникот капе крв и малку подолу ја известил полицијата да оди и да испита што се случува, бидејќи овие тројца му се виделе сомнителни. Полицијата пристигнала, полицајците ја виделе крвта истечена на патот и дале наредба да се отвори багажникот. Само што го отвориле капакот, Саудиецот се подигнал и излегол надвор здрав и жив, целосен, секако со многу крв, но сошиен!!! Им рекол: „Богородица штотуку заврши со последните конци шиејќи ми го грлото еве овде напред…“ Покажувајќи го самиот местото под јаболкото на грлото…„откако претходно ми го соши целото тело“. Таксистот – злосторник и неговите соучесници го изгубиле разумот, полуделе и со лисици биле испратени во затворска лудница. Викале како демонизирани…„Ние те убив – ме, ние те парчосавме, ти ја исековме главата, како сега живееш?!!!“

Саудиецот заминал да го посведочи светлото чудо. Го виделе луѓето од судска медицина, експерти, полицајци, кои чудото го потврдиле со изјави и потпис. Шиењето било, и е видливо. Свежото сврзување на ткивото е очевидно. Саудиецот изјавил и исповедал достоинствено: „Пресвета Богородица ме соши и ме воскресна со силата на Син ѝ“. Веднаш по тоа воскреснатиот, телефонски ги повикал неговите најблиски кои дошле во Сирија. Заминале во манастирот за да ѝ се заблагодарат на Богородица принесуваќи молитви и славословија, и наместо 80.000 долари колку што било ветено, за големата добрина што им ја направила Мајката Божја принеле 800.000 долари на манастирот. Саудиецот, и денес преживуваќи го постојано трогателното чудо, кога зборува за него, секогаш ги кажува следниве зборови: „Кога бев муслиман ми се случи ова…“ и затоа изјавува дека од скоро не е веќе муслиман, ниту тој, ниту неговото семејство… Ова чудо ги потресе сите арапи, муслимански земји, и целиот Среден Исток, и предизвика разбранетост и страшни непријатности. Жив е Господ нашиот Бог, Бог на силите!

Отец Игнатиј, игумен на светиот манастир на пастирите Бетсахур, Витлеем

Преземено од: Вистина, Гласник на Преспанско Пелагониската Епархија, 49, 2005

Превод: Братството на манастирот „Св. Преображение“ – Зрзе

Previous articleБлагословен почеток на нови градежни работи во Свети Илија, Футскрај
Next articleХрамот како дом Божји и дом за молитва