Боже и Отец наш кој си на Небесата, кој го љубиш човекот и чие милосрдие е неискажливо, имај милост и кон моите деца, за кои смирено ти се молам и ти ги препуштам на Твојата милосрдна грижа и заштита. Биди нивен водител и чувар во сите нивни настојувања, дела и постапки. Води ги по патеката на Твојата вистина и приближи ги кон Себе, за да живеат живот во побожност и во сè да ја творат Твојата волја. Дарувај им да бидат смирени, кротки, вредни и милосрдни. Заштити ги од непријателските напади и дарувај им мудрост и сила да се спротистават на сите искушенија во животот. Исправи ги и изведи ги на патот на спасението, на патот кон Твојот Син, Господ и Спасител наш Исус Христос, по застапништвото на Неговата Пречиста Мајка и на сите светии. Амин.