На 20 мај 2018 година, во Седмата Недела по Велигден – на Светите Отци, кога се празнува споменот на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим, во црквата Свети Никола во Перт, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.