На 5 јануари 2018 година, кога се празнува споменот на преподобниот Наум Охридски, во црквата Свети Никола во Перт се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во пресрет на празникот Рождество Христово – Божик во старскиот дом мyvista во Перт од парохискиот свештеник беа посетени старите и изнемоштени браќа и сестри во Христа. На сите им беа поделени божикни подароци а поголемиот дел од нив се причестија со Светите Христови Тајни.