На 8 јули 2018 година, во Шестата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на преподобната маченичка Февронија и преподобните Дионисиј и Дометиј, во црквата Свети Никола во Престон, Мелбурн, се богослужеше Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.