На 2 август, 2018 година, кога се празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански маченици, во црквата Свети Никола во Перт се богослужеше празнична утрена и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.