На 7 октомври, 2018 година, во 19-тата Недела по Педесетница, кога се празнува Соборот на Сите Македонски Светители и првомаченичката и рамноапостолна Текла, во црквата Свети Никола во Перт, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.