На 25 јуни 2017 г., во Третата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на преподобниот Онуфриј Велики, преподобниот Петар Атонски и преподобниот Тимотеј Египетски, во црквата Света Петка во Мил Парк се богослужеше неделна утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.