На 4 февруари 2018 година, во Неделата на Блудниот син, кога се празнува споменот на светиот апостол Тимотеј и преподобниот маченик Анастасиј Персиски, во црквата Свети Никола во Перт се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија, на која, верните чеда се причестија со Светите Христови Тајни.
По Литургијата се отслужи молебенот за почеток на новата школска година.