Спомен на 318-те Богоносни отци во Никеја

2395

Во Седмата Недела по Пасха, го славиме споменот на 318 Богоносни отци кои се собрале на Вселенскиот Собор во Никеја (325 г.). Светите Отци прогласија дека Синот Божји е едносуштен и совечен на Отецот, и со еднакво достоинство со Него. Овие отци го составија Символот на верата до осмиот член: „И во Светиот Дух…“ зашто вториот дел од „Символот“ беше редактиран на Вториот Вселенски Собор.

По молитвите на Светите триста и осумнаесет отци, Христе Боже наш, помилуј нè. Амин.

Символот на верата

  • Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;
  • И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè станало;
  • Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
  • И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен;
  • И воскресна во третиот ден, според Писмото;
  • И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот;
  • И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај;
  • И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, Кој исходи од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците;
  • Во едната, света, соборна и апостолска Црква;
  • Исповедувам едно крштение, за простување на гревовите;
  • Го чекам воскресението на мртвите;
  • И животот во идниот век. Амин.

Previous articleХристос Воскресе! - зборови што ѓаволот го горат како оган
Next articleСвета Литургија во црквата Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг (Недела на Светите Отци)