Нема ништо поубаво од тоа да си спомнуваш за Христос. Да си спомнуваш за Него секој ден, секој час. Оној, кој ќе си спомнува за Него, нема да згреши, и што е најважно, животот никогаш нема да му биде тежок и неподнослив. Зошто да земеме пример од луѓето, кои макар и да знаеме, дека се добри, сепак имаат некакви недостатоци кои вешто ги кријат? Христос затоа се родил како човек – за да може да ни послужи како пример во животот. Неговиот живот бил испреплетен со радост и скрб, Он се изморувал и се отпочинувал, огладнувал и ожеднувал, се веселел и тагувал – како и ние. За секој случај во нашиот живот Он ни дава пример како да постапиме. Затоа и кажуваме: секогаш треба да си спомнуваме за Христос!
Свети Николај (Велимировиќ)