Среќата не е главна цел на бракот

9669

Бракот е пат за спасение на човекот. Ако го разгледаме од стојалиштето на духот на Црквата, тогаш ќе мораме да признаеме дека главната цел на бракот не може да биде ништо друго освен спасението на човекот. То ест, цел на бракот не може да биде среќата, ниту раѓањето деца, ни на пример пронајдувањето на животниот сопатник – сé се тоа нешта од второстепено значење.

Бракот е многу значаен настан во нашиот жовот и самата Црква го благословува и го штити. Знаете, во првите години на Црквата постоеле одредени христијани, се разбира еретици, кои учеле дека бракот е нешто гнасно, нешто пониско од девственоста и дека никој не би требало да стапи во брак. Но светиот апостол Павле говори: „Бракот да биде чесен и постелата на бракот чиста“ (Евр. 13,4).

Црквата доста рано, во Правилата на Апостолите и Вселенските Собори ги отфрлила таквите погрешни идеи за бракот. На еден од Соборите е расправано дали на свештениците треба да им биде дозволено да стапат во брак. И римокатолиците, и денес не им дозволуваат на своите свештеници да се женат – таму нема брак, туку само целибат. И така на тој Собор се водела расправа дали може свештеникот да биде оженет, затоа што некои христијани сметале дека е понизок од девственоста, дека не се вклопува во духовниот живот, а со тоа уште повеќе во животот на свештенството.

Се разбира, православните оци не го прифатиле тоа еретичко и погрешно гледиште, а еден подвижник, светиот свештеномаченик Пафнутиј, дури станал во одбрана на свештеникот со семејство и рекол дека чесниот брак не е пречка за свештеникот. Од тој момент во Православната Црква постојат оженети свештеници. Според тоа, црквата го прифаќа, го благословува и верува дека тој е пат за спасението.

Главната цел на бракот, на тоа толку важно случување, е нашето спасение. Тоа треба добро да се разбере, затоа што на таа основа треба да го градиме бракот; ако човекот не положи правилна основа, тогаш на крајот сé ќе испадне наопаку. Од своето мало искуство – секако, не лично, затоа што никогаш не сум бил во брак, – туку од искуството кое го стекнав од разговорите со младите луѓе кои сретнувајќи се со разните проблеми, а особено со разговорите со православните сопружници, блиски на Црквата, кои исто така паѓаа во тешки неволји и положби, увидов дека и на нив им недостасува спознавањето, дека бракот е пат за спасението.

Некој сепак ќе рече:

– Јас се оженив затоа што сакам да бидам среќен. Сакам да бидам со личноста која ќе ме сака и во нашето семејство да царува хармонија. Сакам моето семејство да биде моето сигурно пристаниште каде што откако ќе се врата дома можам да се одморам – така ние зборуваме.

Да, сé е тоа природно, човечки. Но дали треба да биде така ? Ќе наведам еден пример од монашкиот живот, за да би можеле да разбереме дека тој пагански дух на евдомонизмот проникнал и во нашето христијанско размислување.

Денес младиот човек кој сака да постане монах го говори следното:

– Сакам да се замонашам, да најдам добар манастир, со добри браќа, добри отци, добар старец. Сакам тој старец да биде свет, разборит, да не се лути, да не е злобен, да не се однесува лошо спрема мене, да ги разбира сите мои потреби. Добро ќе биде манастирот да се наоѓа на убаво место, абе сè таму да биде добро!

И ете човек со оваа појдовна основа влегува во монашкиот живот. И јас така сум започнал како млад монах, но најпосле сфатив дека тоа било грешка. Во „Отечникот“ забележуваме сосема спротивно гледиште. Така некој млад пришол кон старецот и го запрашал:

– Ава, каде да појдам за да се спасам?

– То ест, каде да се упатам за да се замонашам? И добил одговор:

– Чедо мое, оди таму каде што те чека труд, таму појди. Ако сакаш да се спасиш не оди таму каде сè е лесно.  Доколку сакаш да бидеш задоволен, да ти биде добро и убаво, тоа “сè во ред“, оди таму каде што ќе ти биде лесно. Но ако навистина сакаш да го пронајдеш спасението оди таму каде се тешкотиите и каде што е потребен труд.

Еднаш некој друг млад човек го запрашал Ава Захарија:

– Ава, како треба да се однесувам со манастирските браќа за да го достигнам спасението?

Старецот ја зел својата камилавка (монашка капа), ја фрлил на земјата, ја изгазил и рекол:

– Ако станеш ваков, тогаш ќе се спасиш. Ако станеш како оваа монашка капа, и другите да те газат, ќе можеш да се спасиш.

Не му рекол: „Ако сакаш спасение, твојот старец треба да биде кроток, да не се попречува пред твите барања, да се грижи за тебе и тн.. Не, светите отци така не ги гледале нештата.

Се сеќавам кога бев на Света Гора, дојде еден архимандрит од Атина и посака да најде за себе келија, каде што можеше да се посвети на тихувањето. Пријде кон отец Ефрем во Катунакија и рече:

– Старче, има ли овде кај вас некаква келија каде би можел да се посветам на тихувањето и подвижничкиот живот?

Старецот му одговорил:

– Келии има много.

Ако некој од вас бил во Катунакија, знае дека таму има многу келии.

А архимандритот нему повторно:

– Сакам келија во која има вода за пиење.

– Па, имаме и такви.

– И да нема влага! И да не биде на голема надморска височина, и да не е во пештера, ниту под карпа…

Отец Ефрем го прекинал:

– Оче, врати се назад во Атина, ти не си за Катунакија! Овде е потребан труд, а не комфор.

Ова го говориме од појдовната точка и гледиште на монаштвото. Но во бракот, христијанскиот брак, животната цел треба да биде спасението. И кога ќе кажеме „спасение“, тогаш имаме предвид човекот да го засака Христос повеќе од сé, да се соедини со Него, за да го насочи кон својата духовна корист и го усоври својот живот во Исус Христос. Пристапувајќи во бракот тој треба да мисли на следниот начин: „Ако се оженам тоа значи дека мојот брак треба да постане средство кое ќе ме одведе до спасението…“

Се сеќавам на младите луѓе кои доаѓаа кај старец Пајсиј и му зборуваа:

– Оче, помоли се за да најдеме добра девојка за женење!

Старецот одговараше:

– Ма ајде деца! А што ќе биде со лошите девојки? Сите сакате добри, но што да се прави со лошите?

Продолжуваше:

– Шта да направиме? Да ги насолиме и затвориме во конзерва како сардини? Да ги конзервираме? Некој треба и лоша да земе!

А потоа је доврши беседата:

– Деца, тоа е грешка и ви го градите својот брак на погрешна основа.

Вие сакате да земете добра девојка – во ред. Колку и природно тоа да изгледа и колку горко да биде, ако не тргне по планот, – да, тоа е логично, но тоа е погрешна основа, затоа што бракот се сведува исклучиво на желбата за среќа. Тоа значи дека јас стапувам во брак заради задоволство, а не заради спасението. То ест, мојата главна цел не е моето спасение, бракот со Христос, тука животот да ми стане пријатен. Затоа, ако стапам во брак и увидам дека таа добра, скромна, кротка христијанска девојка не е баш толку кротка и скромна, дека не ја красат исклучиво добродетели, туку и пороци, како и секој човек, и кога ќе тргнат проблемите во бракот јас ќе речам: „Но, не сакав таков брак, таа постојано да ме малтретира“.

Да, сé тоа е човечки, но на крајот од краиштата се заклучува дека за нашето спасение било неопходно да не пребиваме во тој посакуван комфор. Ако ги согледаме неволјите во бракот на духовен начин, зар не се случува сé по Промислата Божја? Дотолку повеќе во нашиот брак!

Кога дипломирав продолжив да се дружам со некои колеги од генерацијата. И после неколку години кога се наоѓав во Новиот Скит, еднаш се искачив на лимоновото дрво да наберам од плодот и ми пријде еден монах и ми рече:

– Те бара еден човек за да те види!

Јас му реков:

– И што, сега да се симнам? Пушти го нека дојде овде!

Дојде, од високо фрлив поглед на него и гледам млад човек со побелена брада, блед, слаб, измачен. Го прашувам:

– Кој си ти?

Тој одговори:

– Зар не ме препозна? Мојот глас сеуште не ти е познат?

– Не, не ми е познат!

– Па то сум јас, Панајоти, твојот колега од факултет!

– Леле, Панајоти, па како постана таков? Да не си се разборел?

– Не, се оженив!

А јас, пак, помислив дека си се разборел. Му реков неколку зборови за утеха:

– Не паѓај со духот, скоро си се претворил во свети мошти!

Тој се исушил, изгледаше како полумртов, косата му побелела. Се оженил со наша колешка од факултет и ми рече:

– Што да да ти кажувам оче? Се сеќаваш на неа?

– Да, беше наша колешка. Ја паметам.

– Целата душа ми ја изеде!

Да… Набрзо оците го научија да остане на правиот пат. Му објаснија дека сигурно ќе го чекаат проблеми во бракот. Нашол комплицирана жена, но двајцата имаат недостатоци и обајцата трпат. Но само ако тоа се согледа од духовен аспект човекот од сите тие потешкотии може да извлече корист. Ако човекот на прав начин се однесува спрема своите брачни проблеми, ќе може сите да ги насочи кон голема духовна корист.

Митрополит Атанасиј Лимасолски
Извор: www.pravoslavie.ru

Previous articleХристијанската вера ни е доверена
Next articleСвета Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук