На 28 август 2018 година, кога го празнуваме пречесното и славно Успение на Пресветата Владичица Богородица, во црквата Свети Никола во Престон, Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и на Богомајката и се причести со Светите Христови Тајни.