Кога бев млад и особено како студент по богословие, си поставив задача многу внимателно да прочитам и проследам што кажуваат апостолите во Евангелијата и во книгата Дела апостолски за Христовото Воскресение. И откако исчитав сè, сфатив дека на крајот од краиштата тоа не е апсолутно убедливо. Тоест, ние ја имаме информацијата, но не можеме наполно да бидеме убедени според тоа кое сме го прочитале. И всушност, мислам дека никој не се убедил во вистината на Христовото Воскресение единствено од прочитувањето на Евангелијата. Зошто? Затоа што Воскресението е повисоко од сè кое може да се очекува и кое може да се прими врз основа на информацијата. Ниту од Евангелијата, ниту од слушањето на зборовите на некој друг, ниту од некоја проповед. На секој кому му е доверена вистината за Христовото Воскресение, ја примил како што ја примиле и тие пред него, кои достигнале да кажат „Христос воскресе!“ не како формула, а како жива реалност, како исповедање на верата – сите тие успеале да ја примат оваа вистина единствено со благодатната сила на Господа. Да знаете, дека само Бог може да ни вдахне вера во божествените вистини.
Старец Теофил (Перејан)