Чудо на Свети Нектариј Егински: Исцелувањето на о. Нектариј (Виталис) од рак

7790

Oтец Нектариј Виталис, добро познат во Лаврио (град во Атика, Грција), особено по неговите дела и сочувство кон сиромашните и оние кои во овие тешки времиња се отпишани од светот, го прераскажува настанот од времето кога тој беше на умирање од рак.

Подолу раскажаното е раскажано во неколку наврати и на други места, вклучително и во книгата „Јас разговарав со Свети Нектариј“ од писателот Манолис Мелинос (Атина, 1997).

Отец Нектариј Виталис се сеќава:

“Јас страдав од сериозна форма на рак. Моите гради беа отворена рана, од која континуирано течеше крв и гној. Од болката сакав да ги раскинам моите кошули. Тоа беше трагична ситуација и јас одев директно кон смртта. Мислам дека ме разбирате, имав дури и облека подготвено за мојот погреб.

На 26-ти март, 1980 година, во утринските часови, во мојата канцеларија во подрумот на црквата, разговарав со Софија Бурдој (жената што се грижи за чистотата на црквата) и зографот Хелен Китраки, и кога наеднаш се отвори вратата на црквата и влезе еден стар, непознат човек. Тој имаше снежно-бела брада, беше низок по раст и малку келав. Изгледаше исто како што изгледа Свети Нектариј Егински на фотографиите. Тој зеде три свеќи без да плати и запали само две. Се поклони на сите икони во црквата, освен пред иконата на свети Нектариј која ја одмина без никакво уважување. Тој не ме виде онаму каде што се наоѓав. Кога присутните ја затворија завесата од канцеларијата и се упатија да го видат старецот имав страшна болка.

Старецот се исправи пред убавите двери  (Царските Врати од светиот Иконостас), ги прекрсти дланките и без да разгледа наоколу, праша: – Дали е тука старешината?

Црковната старателка знаејќи за мојата болест и сакајќи да ме заштити му одговори:

– Не, не е… тој е дома со грип…

– Не е важно. Молете се и имајте добро Воскресение! – рече тој кога заминуваше, според традиционалниот православен поздрав за време на Великиот Пост во пресрет на Велигден.

Црковната старателка дојде кај мене со трчање и рече:

– Отец Нектариј, старецот кој штотуку замина личи на самиот свети Нектариј. Од неговите очи излегуваше пламен. Ми се чини дека тоа беше свети Нектариј доаѓајќи да ви помогне.

Јас и се заблагодарив, мислејќи дека тоа го рече само за да ме утеши. Но, длабоко во мене нешто ми изгледаше чудно. Побрзав да ја испратам заедно со зографот да го најдат непознатиот човек и да го вратат назад. Влегов во светилиштето и се поклонив на Распнатиот (иконата на Христос на крстот во секој свет Олтар) и плачејќи yште еднаш побарав од Христос да ме излечи.

Стапките на старателката и зоографот запреа: – Отец, Старецот дојде!

Се обидов да му ја бакнам раката, но тој, поради неговата смиреност, не ми дозволи. Тој се наведна и ја бакна мојата.

Јас го прашав: – Како се викате?

– Анастасиос, сине! – рече тој, изговарајќи го неговото крстено име што го имал пред да стане монах.

Го одведов на поклонение пред светите мошти. Тој со едната рака од џебот извади пар наочари а ние штом ги видовме останавме вчудоневидени. Тоа беа наочарите на свети Нектариј што ги чувавме во кутијата со светите мошти! Тие ми беа дадени од старицата Нектарија од манастирот во Егина.

– Верата е сè! – речe странецот ставајќи ги своите наочари.

Тој започна со почит да ги прегрнува сите свети мошти што му ги покажуваше црковниот настојател, освен моштите на свети Нектариј кои просто ги одмина.

– Старче, прости ми! – му реков. – Но зошто не се поклони на чудотворецот свети Нектариј? Старецот се сврте и само ме погледна со насмевка.

Го прашав: – Каде живееш Старче?

Тој ми покажа кон таванот, каде што ние ја градевме новата црква посветена на свети Нектариј, и рече:

– Мојата куќа се уште не е подготвена и јас сум загрижен. Мојата позиција не ми дозволува да живеам ваму-таму.

– Старче! Морам да ти исповедам, предмалку ти беше излаган. Јас имам рак. Но сакам да оздравам, да се направи Светиот Олтар, да се заврши црквата, а потоа можам да умрам.

– Не грижи се –  ми рече. – Јас одам сега. Одам за Парос (остров во Грција) за да се поклонам на свети Арсениј и да гo посетам отец Филотеј (Зервакос), додаде тој, и замина без да се размислува од страната на големата икона.

Јас го запрев и ги ставив моите раце на неговото лице:

– Мој Старче, мој Старче, твоето лице изгледа исто како на Свети Нектариј, кој овде, во нашата црква е особено почитуван.

Во тој момент, од неговите очи се стркалаа солзи. Тој ме прекрсти и ме прегрна.  Собрав храброст, па и јас ги отворив моите раце за да го прегрнам. Но кога ги раширив моите раце, и додека го гледав и можев да го видам пред моето лице, моите раце се затворија кон моите гради.

Повторно се прекрстив и му реков:

– О, мој Старче, ти се молам, сакам да поживеам за ја отслужам мојата прва Литургија! Помогни ми да живеам!

Тој замина од мене, застана пред неговата икона и рече:

– Ах, чедо мое Нектариј. Не грижи се. Сè ќе помине и ќе бидеш добар. За чудото што ме молиш да се случи, ќе се случи, и тоа ќе биде раскажано низ целиот свет. Не плаши се!

И веднаш тој нè остави и замина низ затворена врата… Жените истрчаа за да го стигнат. Успеаа да го пристигнат на автобуската станица но тој влезе во автобусот и исчезна пред автобусoт да замине.“

Оваа приказна, која се случила во присуство и на други сведоци, секогаш е раскажувана од отец Нектариј (Виталис), кој е сметан за стабилна личност. Отец Нектариј, на големо изненадување и чудење на докторите – радиолози, кои му ја претскажуваа смртта, беше исцелен и стана здрав. Бидејќи над сите е Христос, нашиот жив Бог, и нашите застапници пред Бога – светителите, а и нашата Мајка Пресвета Богородица!

„Онаму каде што сака Бог и законите на природата се надминуваат”.

Извор: http://www.johnsanidopoulos.com/2009/06/miracle-of-saint-nektarios-healing-of.html

Previous articleВеликопосна утрена со часови во црквата Света Петка во Мил Парк
Next articleПовечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во црквата Свети Никола во Престон