На 26 и 27 октомври, 2018 година, во црквата Света Петка во Мил Парк, Мелбурн, молитвено беше прославен храмовиот празник во спомен на преподобната Параскева (Петка) Епиватска. Во навечерието на празникот се отслужи празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар во сослужение на свештениците од Мелбурн.
Утредента, на 27 октомври, Надлежниот Архиереј проповедаше и богослужеше Света Архиерејска Литургија, на која верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата, се изврши мал празничен водосвет и беше послужена празнична трпеза на љубовта.