Во манастирот во Донибрук, Викторија, молитвено беше одбележан патрониот празник – споменот на преподобниот Прохор Пчински. На 31 октомври, 2018, вечерта, се отслужи празнична вечерна богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот г. Петар, во сослужение на свештенството од Мелбурн. По вечерната богослужба се послужи празнична трпеза.
Утредента, на 01 ноември, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Архиерејска Божествена Литургија. На Литургијата, верните се причестија со Светите Христови Тајни.
Преподобен оче наш Прохоре, моли го Бога за нас!