На 13 ноември, во 22-та недела по педесетница, кога Православната црква го празнува споменот на светите апостоли Стахиј, Аплиј и Урбан и светиот маченик Епимах, неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар, богослужеше Божествена литургија во сослужение на архиерејскиот заменик, архимандритот Никодим Солунчев и архиерејскиот намесник протоереј Јовица Симоновски.
На литургијата митрополитот г. Петар произнесе пригодно архипастирско слово, по што верниот народ се причести со светите Христови Тајни.