На 6-ти Јануари во навечерието Христово – Бадник во црквата Света Петка во Мил Парк се богослужеше вечерна богослужба со Света Василиева Литургија и големо повечерие. Исто така за најмладите имаше божикна претстава, животинска фарма, кочија со коњи, и трпеза на љубовта.
Утредента, на 7 јануари, на празникот Раѓање Христово – Божик, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.