For the 19th time, traditionally organised by the “Children’s Embassy for All Children in the World,” over 400 children gathered for a shared festive Christmas Lunch at the “Salida” hotel in Prilep, where they celebrated the Nativity of Christ – Christmas. The Christmas Lunch was traditionally blessed by His Eminence, Metropolitan of Prespa-Pelagonia, and Administrator of Australia & New Zealand, Bishop Petar.
По 19-ти пат, традиционално во организација на „Детската амбасада за сите деца во светот“, над 400 деца се собраа на заеднички празничен Божикен ручек во хотелот „Салида“ во Прилеп, каде го прославија Рождеството Христово – Божик. Божикниот ручек традиционално го благослови Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор на Австралија и Нов Зеланд – владиката г. Петар.
„Детската Амбасада за сите деца во светот“ – под раковотство на генералниот секретар: г. Петар Стојаноски и извршниот директор г-ѓа Александра Северкоска Стојаноски, но и на целокупното благочестивото семејство Стојаноски: (Цветанка, Дамјан, Петар, Емилија, Александра, Цветанка, Марија и Елена) успеаа низ сите овие години во разни премрежија со кои се соочува македонското опшество, да го одржат овој Божикен ручек за сите деца од различни ранливи категории ( деца социјално загозени, деца на загинати бранители на Македонија, деца со разни болести и недостатоци), а сето тоа со благослов и поткрепа на нашиот епархиски архиереј Митрополитот г. Петар и да докажат и покажат како во Татковината Македонија, па така и ширум низ сите меридијани по светот, па и во нашата дијаспора, дека македонските деца правилно го празнуваат празникот на детето или празникот на сите деца, а тоа е Рождеството Христово – Божик – како што нагласи нашиот владика дедо Петар.
Нашиот архиереј Митрополитот г. Петар е присутен и неговиот благослов е уште од првиот организиран Божикниот ручек на „Детската Амбасада за сите деца во светот“, а нејзиното раковтство со ваквиот потег покажува, дека благословот на надлежниот владика е најбитен во преуспевање на секое добро дело. Дај Боже сите деца да имаат можности – достоинствено и со веселба да се радуваат на Богомладенецот Христос.