Христос Воскресна!
На 24.04.2025 година, во четвртокот од Светлата седмица, вечерта во навечерието на празникот Источен Петок – Балаклија, кога Црквата го прославува споменот на Чудото на Животворниот извор на Мајката Божја, во Манастирот “Свети Прохор Пчински” во Донибрук, се богослужеше Пасхална Вечерна богослужба – едноцрквие, во сослужение на свештенослужителите на МПЦЕАНЗ.
На Богослужбата се изврши чинот благословување и осветување на Петолебие.
По Богослужбата се направи Литија до изворот на минералната вода во Манастирот, се отслужи Молебен Канон кон Пресвета Богородица – Животворен Извор и се изврши Водосвет.
Утредента, на 25.04.2025 година, се богослужеше Пасхална Утрена Богослужба и Света Божествена Литургија, на која верните се заблагодарија на Бога и се причестија со Светите Христови Тајни.
По благословувањето на празничниот леб и коливо, во манастирската сала беше послужена празнична трпеза.
Навистина Воскресна!
Фото галерија:













