Во манастирот во Донибрук, Викторија, посветен на преподобниот и пустиножителен отец Прохор Пчински, молитвено беше одбележан патрониот и храмов празник.
На 31 Октомври, 2019 г., во сослужение на свештенството од Мелбурн се отслужи празнична вечерна богослужба, а Утредента, на 1 Ноември, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По богослужбите и Литургијата беше послужена празнична трпеза на љубовта.