На 4 Декември, 2019 година, во црквата Воведение на пресвета Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, молитвено беше одбележан храмовиот празник. Вечерта спроти празникот се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента празнична утрена и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на богослужбата, во дворот на црквата беше послужена празнична трпеза.