Молитвено прославен празникот на светиот отец наш Прохор Пчински во неговиот манастир во Донибрук

770

На 01.11.2023 кога Светата Црква го празнува споменот на светиот отец наш Прохор Пчински и пренесувањето на моштите на светиот Јован Рилски, во манастирот во Донибрук, беше отслужена Света и божествена Литургија, од страна на свештенството на Австралиско – Новозеланската епархија со која чиноначалствуваше архиерејскиот намесник: протоереј – ставрофор Тоне Гулев. Верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови, а накрајот беа осветени и славските дарови (лебот, пченицата и виното) во чест и слава на патронот на манастирот – светиот Прохор Пчински.

За многу години!

Previous articleВечерна богослужба во чест на Свети Прохор Пчински
Next articleСвети Димитриј прославен во Мелбурн