Одбележан крајот на учебната 2022 за учениците од наставата по веронаука во училиштето Карлтон, Сиднеј

7158

“За да се познае мудроста и поуката, за да се разберат изреките на разумот за да се усвојат правилата на благоразумието, … на младите знаење и расудување… Слушај ја, синко, поуката на татка си и не го отфрлај заветот на мајка си. Зашто тоа е красен венец за главата твоја и украс за вратот твој.“ Изр. Сол. (1, 2-9).

По Божјо благоволение и оваа година часовите по Православна веронаука редовно ги посетуваа учениците од основното училиште во Карлтон, Сиднеј, во рамки програмата Специјално религиозно образование на Министерството за образование на Нов Јужен Велс, при што МПЦЕАНЗ стана овластен провајдер на православна веронаука за православните ученици од македонско етничко потекло во НЈВ.

Во црквата Свети Пророк Илија во Силванија, изминатата година, поголемиот број на вероучители ги одржуваа часовите по македоснки јазик во рамки на етничкото училиште Филип II од Сиднеј.

На крајот од школската година, на 13 декември 2022 се отслужи вечерна богослужба и одржа пригодна свеченост. На вечерната богослужба присуствуваа учениците со своите родители, роднини и пријатели.

На крајот, сите присутни се заблагодарија на Бога и изразија надеж дека наредната година ќе биде уште поуспешна и со поголем број на ученици.

Previous articleСЛУЖБЕН ДЕЛ НА АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА (12.11.2022 – 08.12.2022)
Next articleПрославен споменот на Свети Спиридон во манастирот во Донибрук