Очистување на храмот и Света Литургија во црквата Свети Димитриј Солунски во Спрингваел

2154

На 03 јуни, 2020 година, кога се празнува споменот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот преспанско-пелагониски и Администратор австралиски-новозеландски г. Петар, во сослужение на архиерејскиот заменик, игуменот Никодим (Солунчев), протоерејот Мирко Пешовски и протоерејот Миле Талески се изврши чинот на очистување на црквата Свети Димитриј Солунски во Спрингваел, по што беше отслужена Света Божествена Литургија.

Црквата Свети Димитриј Солунски во Спрингваел, на 8 ноември 2019 година беше осквернета со упадот на расчинетиот свештеник Глигор Киселинов. Узурпирањето на црквата беше направено од насилничката група предводена од Стево Крстевски, за што, но и заради многу други докажани тешки престапи и злоупотреби, со Пресуда на Епархискиот Црковен Суд им е одземено правото да членуваат во Црковно-општинските органи. Истата група пред повеќе од една година отворила граѓански суд против МПЦО Свети Димитриј Солунски со намера да го поништи Црковниот правилник, а и лично да ги обвини членовите на црковното настојателство. Нивните обвинувањата пред Врховниот суд на Викторија се докажале како несновани и неприфатливи, па групата на Стево Крстевски, по едногодишното заложништво и насилното узурпирање на црквата, се обврза пред Врховниот суд, да ги предаде сите клучеви на канонските и легални црковно-општински органи, а и во иднина да не ги попречуваат нивното работење и воопшто црковниот живот на Црковната општина. Секое прекршувањето на потпишаниот договор ќе биде санкционирано од Врховниот суд и Државните органи на Викторија.

     

Previous articleСветол Петок и Празникот на Пресвета Богородица - Живоносен Извор во манастирот Донибрук
Next article8-ми Ден бр. 77