Патријархот српски Порфириј му врачи на архиепископот Стефан Томос со кој се потврдува автокефалноста на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија

1204

Неговата Светост Патријархот српски г. Порфириј, на 5. јуни 2022. година, началствуваше со светата архијерејска Литургија во Соборниот храм на Свети архангел Михаил во Белград во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски г. Стефан.

Саслужуваа високопреосветените господа митрополити: Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Кумановско-осоговски г. Григориј и Нивните Преосвештенства Епископите Зворничко-Тузлански г. Фотиј, Крушевачки г. Давид, Ремезијански г. Стефан, Топлички и избраниот шабачки г. Јеротеј, Хвостански и избраниот западноевропски г. Јустин, избраниот епископ Јегарски арх. Нектариј, во молитвено присуство на Високопреосветениот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Преосветените епископи Бачки г. Иринеј, Хераклејски г. Климент, Маркански г. Сава и пензионираниот канадски г. Георгиј.

На крајот од Светата Литургија, Неговата Светост Патријарх Српски г.г. Порфириј на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан му врачи Томос, со кој се потврдува автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Преземено и преведено од официјалниот сајт на Српската Православна Црква: http://www.spc.rs

Previous articleСоопштение од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА
Next articleСПЦ и официјално со Томос ја призна полната автокефалност на МПЦ – ОА и со никакви условувачки одредби не ја ограничи нејзината автокефалност и устројство во поглед на нејзиното име, опсегот на нејзината јурисдикција и пастирската грижа за нејзиниот верен Македонски народ во татковината и дијаспората