На 04.04.2025 во петокот од Петтата седмица на Великиот Пост, во храмот „Свети Никола“ во Перт, се отслужи Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица.
После Акатистот се изврши и чинот на благословување и осветување на принесените петолебија.
На 06.04.2025 на Петтата недела од Постот се богослужеше и Света Василиева литургија.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.





