Пикник во манастирот во Роклин

41

На 12 јануари, 2025 година, во дваесет и деветтата недела по Педесетница, неделата по Рождество, неделата пред Богојавление и неделата посветена на Светите Богоотци, кога се празнува споменот на Свети Гаврил Велички, маченичка Анисија, Света Теодора и Свети Јосиф, во манастирот ,,Свети Наум Охридски” во Роклин, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, многубројниот верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

Посетителите кои по повод божиќните и новогодишни празници се собраа од Мелбурн и околината на Традиционалниот пикник, по богослужбата го вкусија благословеното манастирско гравче.

Чествувањето продолжи во прекрасниот амбиент околу манастирската црква. Насобраниот народ се радуваше, играше и пееше македонски песни и ора.

Нека е за многу години!

Previous articleНедела пред Богојавление во Футскрај