Во понеделник, 28 ноември, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Петар го посети Митрополитот г. Василиј и братски разговараа на теми од заеднички црковен интерес.
За одбележување е дека Светиот Архиерејски Синод на Антиохиската Црква, на последното заседание на 18 октомври 2022 во Баламанд, ги поздрави и прифати одлуките на Српската Православна Црква за доделување на Автокефалност на МПЦ-ОА, признавањето од страна на Руската црква на МПЦ како автокефална сестринска црква, како и одлуката на Цариградската патријаршија за обновување на евхаристиското единство со МПЦ-ОА.

