Во манастирот Свети Наум Охридски, во Роклин, Викторија, и оваа година молитвено се прослави патрониот празник.
На 02 јули, 2024 година, вечерта, спроти празникот, се отслужи празнична вечерна богослужба.
Утредента на 03 јули, 2024 година, во сослужение на свештеници од Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше епархискиот секретар и старешина на манастирот: протоереј – ставрофор Љупчо Каревски.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата, посетителите од Мелбурн и околината се послужија со празничната трпеза подготвена од овогодинешните домаќини.
Преподобен оче Науме моли го Бога за нас!