На 25 декември, 2024 година, кога Светата Црква го прославува споменот на Светиот Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунски, во манастирот Свети Прохор Пчински, Донибрук, во сослужение – едноцрквие на свештениците на МПЦЕАНЗ од Мелбурн, се отслужи празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Лиургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Богослужбата се блгослови и послужи со традиционалното манастирско гравче.
Истиот ден беше одржан традиционалниот пикник на манастирското место.