Прославен храмовиот празник Илинден во Футскрај

674

На 01 Август, 2024 година, вечерта, по повод храмовата слава – споменот на Светиот Пророк Илија, во црквата во Футскрај, се отслужи празнична вечерна во сослужение на свештенството од Мелбурн.

Утредента, на 02 Август, 2024 година се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По благословувањето на празничниот леб и коливо, во црковната сала беше послужена празнична трпеза подготвена од парохијаните на црквата.

Previous articleШеста Недела по Педесетница во Престон
Next articleОсма Недела по Педесетница во Сиденхам