На 6-ти Јануари во навечерието Христово – Бадник, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Мелбурн, се богослужеше вечерна богослужба со Света Василиева Литургија и големо повечерие. Утредента, на 7 јануари, на празникот Раѓање Христово – Божик, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
Христос се роди! Вистина се роди!