На 8 декември, 2022, на празникот на светиот Климент Охридски, Неговото високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски-новозеландски г. Петар отслужи Архиерејска Литургија во црквата во Фуцкреј посветена на светиот великомаченик Пантелејмон и светите Седмочисленици: Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј.
Митрополитот г. Петар, пред почетокот на Литургијата, благоизволи да произведе во чин „чтец“ Маријан Колевски.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.