На 12 Јануари, 2020 г., во Неделата по Раѓањето Христово – Божик, кога се празнува споменот на Светиот Гаврил Велички Чудотворец, светата маченичка Анисија и светата Теодора, во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
По литургијата, беше послужено манастирско гравче и по повод Божикните празници се одржа Редовниот пикник. Во манастирскиот двор пристигнаа над 400 автомобили, односно околу 1400 посетители, кои штедро даруваа и помогнаа да се соберат $22 000 австралиски долари донација за манастирот.